Водици Охрид 2020

Со видео стримот на 19 Јануари од Охрид продолжуваме да ја негуваме традицијата каде успешно 4та година реализираме преносот во живо од наш агол од големиот христијански празник Водици кој го погледнаа повеќе 60 000 гледачи.

За разлика од минатите години оваа година исто така воведовме и тестиравме нов концепт на видео стрим со студио кое воопшто не е во близина на локацијата каде се одвива настанот. Така што целосно користивме бежична врска т.е. интернет од камера до миксер.

Посебно за овој видео стрим е што успеавме да го реализираме без никакво каснење на сигналот (камера до миксер), а со тоа добивме реалтајм превју од настанот.

Водици 2020 беше целосно поддржан од Стојан Стојановски и неговата екипа кои самоволно го изработија.

Please follow and like us: