Меѓународен Теквондо турнир Охрид Опен

2С успешно го реализира преносот во живо за Меѓународниот Турнир Охрид Опен 2019 во организација на „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец/Охрид кој се одржа на 22 Јуни во салата Билјанини извори.

По претходен контакт од страна на клубот „Хва Ранг ИТФ“, презентација на нивната замисла за организација на прв турнир од ваков тип и барање за поддршка со пренос во живо, фотографија и видео, одлучивме да се нафатиме на овој предизвик, а со тоа станиме и помагатели на Охрид Опен 2019.

Со тоа успешно реализиравме за прв пат три преноси во живо истовремено во оваа спортска категорија со времетраење од 8 часа.

Со претходна подготовка, изработка на графика, креирање на 3 различни евенти на јутуб каналот, изработка на веб страна на која ќе може да се гледаат преносите го започнавме овој проект. 
На денот на турнирот поставивме 5 камери и тоа, 3 кран камера, 1 бјути камера и една бежична камера која ќе ги следи наградите кои се доделуваат. 


На YouTube емитувавме 3 различни рингови во истовреме, со меѓусебно миксање на сите камери.

За Нас ова беше предизвик, секако како и делот на миксање, така и делот на 8 часовен пренос во живо со FullHD  на 3 YouTube посебни стримови, и сето тоа со користење само на 4Г интернет технологија, систем изработен од страна на Стојан Стојановски.

 

 

 

Please follow and like us: