Традиција Василица – 2020

Куратица маскембал 2020

Трета година по ред 2С продолжува да ја за запишува традицијата на Василичарскиот Маскенбал во Куратица преку неколку часовен пренос во живо на социјалните мрежи. Маскембалот во Куратица кој се одржува вечерта на 14 јануари е пособен предизвик за нас.

Прво поради одржувањето во ноќните часови од зимскиот период со оглед на тоа што Куратица е сместена меѓу планини на повеќе од 1000 метри надморска височина па темепратурите знаат и да паднат и до -20 под нулата. За среќа оваа година немавме некој поекстремни услови а температурата се движеше околу -7 степени 

Втор предизвик е да се одржи покрај такви времески услови квалитетен линк за да може сите заинтересирани пред малите екрани да го проследат овој настан. Притоа овој настан на Фб имаше повеќе од 40 000 гледачи, додека на јутуб 3000+ гледачи кој беше како бекап линк доколку не може да го следи некој на фб.

Оваа година Стојан Стојановски направи конфигурација 5 камери, една бежична, дрон и камера во лајвстрим студио. Лајв стримот траеше повеќе од 3 часа. Се емитуваше на 2 дестинации (ЈуТуб и Фејсбук). Преносот прво започна со познатите музички македонски уметници, Влатко и Златко Миладиноски, Дамјан Стојановски и Дарко Стојаноски, па продолжи со главното дефиле на маски, огномет и завши со супер забава со музичката четврока.

 

 

Василица Велмеј 2020

На 13 јануари 2020 година за прв пат тестиравме целосна бежична портб опрема за преноси во живо, миксање и емитување на 2 дестинации. Го одбравме селото Велмеј во Дебрца кое години наназад организира забава по повод Василица.

На 30 км од Охрид, сместено под падините на Илинска планина, Велмеј за нас беше предизвик да изработиме целосно бежичен пренос во живо, со комбинирање на 4Г технологија. А со тоа на Велмеј му подаривме еден видео запис од Василица кој ќе остане на интернет и социјалните мрежи.

Со користење само на 3 камери + дрон, таблет и бежичен рутер успешно го реализиравме неколку часовниот пренос во живо.

Please follow and like us: